| четврток, 6 декември 2018 |

Газда киднапирал и уценувал работничка

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава за Е.Ј. (39) од Гостивар за противправно лишување од слобода.

На 15. март, во времето од 21 до 01 часот, во мини-маркетот „Арди“, пријавениот ја држел заклучена вработената, заканувајќи ѝ се дека има видеоснимки од сигурносните камери на кои се гледа како таа подолг временски период вршела кражби во маркетот.

Тој прво ја уценувал да му даде 50.000 евра, потоа 25.000 евра и на крај ѝ рекол да му плати 15.000 евра, под услов 10.000 евра да му ги даде веднаш, а останатите 5.000 евра да му ги даде наредните денови, а откако се согласила дека ќе му ги даде бараните парични средства, тој ја пуштил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top