Раководството на Вардар ќе организира ракометен хепенинг за навивачите, а двата саботни натпревари и на женската екипа со Ѓер и на машката со Кјелце во Лигата на шампионите ќе можат да се проследат на видеобим што ќе биде поставен пред салата „Јане Сандански“ во населбата Аеродром.
Ќе се слави или ќе се тагува заедно, а саботната треска во „црвено-црни“ бои ќе почне во 16.30 часот со реваншот меѓу Ѓер и Вардар во „Ауди арена“ во Ѓер. Вардарки имаат одлична предност од шест гола, по победата од 24-18 во Скопје и се на добар пат да играат на завршниот турнирот во Будимпешта, вторпат по ред.
Нешто подоцна почнува нов ракометен спектакл од 19 часот, а Вардар и Кјелце ќе го почнат четвртфиналниот двомеч за еден билет за завршниот турнир во Келн. За сите навивачи на Вардар што не обезбедиле билет ќе се организира заедничко следење на мечот пред салата на видеобим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.