Менаџерот на Арсенал, Арсен Вегер, се надева дека во летниот преоден рок ќе успее да го доведе во своите редови аргентинскиот напаѓач од Наполи, Гонзало Игуаин.
Венгер се обидуваше да го доведе во Арсенал популарниот „Пипита“ уште во 2013 година кога овој премина во редовите на Наполи од Реал Мадрид.
Според англиските медиуми управата на „топчиите“ нема да жали средства за да го засили нападот и е подготвена да издвои околку 35 милиони фунти за Игуани, средства кои се очекува да ги задоволат апетитите на Наполи.
Игуаин за две сезони поминати клубот од Италија одигра 60 натпревари и постигна 30 гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.