| четврток, 6 декември 2018 |

Украдени шест икони и 12.000 денари од црква во струшкото село Модрич

Шест икони со мотиви од повеќе светци нацртани на хартија и 12.000 денари се украдени од црквата „Пресвета Богородица“ во струшкото село Модрич.

Засега непознат сторител, ноќта на 20, односно рано утрото на 21 овој месец, влегол во камбанаријата преку незаклучената врата. Тука пронашол копач со кој го скршил катинарот од решетката на вратата на северната страна од црквата, но не успеал да ја отвори и да влезе во внатрешноста на црквата.

Сторителот на вандалскиот чин и на тешката кражба, сепак, успеал да влезе од западната страна на црквата, каде што пронашол клупа од која се искачил до прозорецот на висина од околу 2 метри.

Тука, со употреба на физичка сила, ги свиткал решетките, го скршил прозорското стакло и влегол во црквата. Веднаш почнал со пребарување и во еден плакар зад иконостасот ги пронашол парите. Тој ги одзел и шесте икони  кои биле нацртани на хартија.

Полициската станица од Струга, по увидот што го извршила, презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top