Пет месеци, 20 илјади долари, шетање и уживање во убавините на Канада – огласот на канадска компанија за спортска опрема „Вудс Канада“ нуди работа од соништата.
Работата се состои од шетање низ природните предели на Канада на најдолгата мрежа на пешачка патека во светот долга 17.000 километри, која се преотега низ спектакуларниот канадски предел.
Целта на компанијата е да пронајде амбасадор што ќе зборува за своето искуство во текот на пешачењето документирано со фотографии и видеоснимки и на тој начин ќе ја рекламира марката.
Работодавецот има намера да го опреми својот шетач од глава до петици, а негова задача би била на терен да ги тестира производите на компанијата.
Меѓу условите кои кандидатите мора да ги исполнуваат се способност за качување, планинарење, кајакарство и пливање, како и подготвеност да поминат неколку недели сами во природа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.