Витамин А е силен имуностимулатор, кој го добил името еликсир на младоста поради волшебното дејство врз кожата и се нарекува уште витамин на раст.
Што уште не знаете за витамин А?
Витамин А е мастнорастворач, познат во две форми – ретинол и каротин (провитамин А). Тој не се произведува во организмот, поради што треба да се надополнува преку храната. Но не треба да се земаат големи количини на овој витамин поради опасноста од настанување на хипервитаминоза. Организмот успева да задржува доволно големи количини на витамини, најголеми кои се задржуваат се наоѓаат во црниот дроб. Прекумереното внесување на витамин А може да доведе до болки во стомакот, главоболка, нервоза, болки во коските систем, повраќање …
Кои се функциите на витамин А:
Каротинот го помага растот и развојот на здрав коскен систем. Витамин А е неопходен и за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите. Недостатокот на витамин А во организмот доведува до губење на косата, сува и кршлива коса, сува, темна, модринки, сува кожа, забавен раст.
Ја подобрува состојбата (цврстина, еластичност и воопшто сеопфатниот изглед) и функциите на кожата и кожните жлезди. Затоа витамин А се нарекува уште еликсир на младоста. Тој го стимулира создавањето на колаген, поради што се смета дека Ретинолот има способност да ја пегла кожата и да ги отстранув брчките до одреден степен.
Витамин А е важен – еликсир на младоста за добриот вид, а недостаток на витамин А во организмот може да доведе до ксерофталмија (оштетување рожницата на окото) и Кокошкино слепило.
Витамин А е силен имуностимулатор. Без негово присуство, организмот е подложен на вируси, заразни болести и слично.
Ја подобрува размената на материите.
Витамин А е силен антиоксиданс и го штити организмот од негативните влијанија на животната средина.
Богати со витамин А се како животинските, така и растителни производи – јајца, црн дроб, млеко, рибино масло, јаболка, праски, кајсии, шипинка, слива, црна рибизла, моркови, тиква, црвени пиперки, домати и повеќето цитруси.
Потребната дневна доза на овој витамин е помеѓу 6 и 8 мг. Обично луѓето болни од рак, туберкулоза, со болести на бубрезите, простатата, со проблеми со дигестивниот и уринарниот систем имаат потреба од поголеми количини на витамин А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.