Струмица е пред Штип за организација на овогодинешното финале на Куп, натпревар во кој ќе играат Шкендија и Пелистер.
Според дневниот спортски весник “Македонски Спорт” стадионот „Младост“ веќе бил под инспекција од ФФМ и имало само неколку искршени столчиња, но тоа нема да биде пречка финалето да се игра во Струмица.
Во Струмица веќе се одигра едно финале и тоа во 2002 година кога Победа ја совлада Цементарница со 3-1. После 16 години повторно овој натпревар се игра на „Младост“, овој пат со сосема поинакви ривали од она првото кое се одигра на „југот“.
Натпреварот ќе се игра на 17 мај со почеток во 17:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.