Перо Антиќ оттурнал полициски службеник при обидот да биде уапсен Табо Сефолоша, па потоа и двајцата со лисици на рацете завршија во една од полициските станици во Њујорк.
Сефолоша видливо поткривнува при излегувањето од десеттиот дистрикт во Њујорк, што според американските медиуми иницира дека бил повреден при одбивањето да биде уапсен, или дури и дека и тој бил мета на напад на 22-годишниот Шизој Блири, кој е упасен поради атак со нож на Крис Коупленд и неговата вереница.
Од што е повреден Сефолоша ќе утврди истрагата, а се знае дека Перо Антиќ физички оттурнал еден од полицијаците, кога овој се обидел да го упаси неговиот соиграч. Можно ли е Перо да протестирал против актот на полицијата да го апси нападнатиот Сефолоша и дали неговиот соиграч бил нападнат од Блири ќе покаже истрагата на безбедносните органи во Њујорк.
Коупленд и неговата вереница завршија во болница, и за среќа се надвор од животна опасност. Коупленд во обид да се одбрани од напаѓачот кој го прободел со нож во стомакот, паднал на плочникот пред ноќниот клуб „1ОАК“ и веројатно ќе треба да му биде оперирано и рамото.
Антиќ и Сефолоша ноќеска требаше да играат за Атланта хоукс против Бруклин нетс, но веројатно нема да бидат во составот на јастребите. И двајцата се пуштени на слобода, а пресудата ќе ја дознаат на 16. јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)