Kадри зад кои стојат афери, изјави полни со говор на омраза кои поттикнуваат агресија, без кредибилитет и компромитирани.
Вакви кадри ја водат политиката на СДСМ и одлучуваат за стратегијата на најголемата опозициска партија. Впрочем, лидер на СДСМ е Зоран Заев кој самиот велеше дека не им прилега да бидат партиоти.
-Се обидовме во неколку наврати да играме на политика на партиотизмот како партија која не ни приличи таа политика и тука апсолутно загубивме. Чесно е да признаеме за да бараме шанса секако во иднина да не правиме такви грешки. Од нас народот не очекува да изиграваме патриоти. Ние сме државотворна партија, ние сме партијата која беше пример за мултиетнички соживот. Играјќи на партиотски варијатни не ни приличат на нас социјадемократите – изјави Заев.
Ваквиот став на Заев и СДСМ можеше да се види повторно и во опозицискиот „Фокус“ кој предлага Албанец да биде назначен за премиер во Македонија.
Скандалозните изјави продолжуваат и од вториот човек на СДСМ, Радмила Шеќеринска која во повеќе наврати е актуелна во грчките медиуми каде остро го напаѓа премиерот Никола Груевски за прашањето за името. Во интервјуата за грчките медиуми Шеќеринска заборава да спомене за сите македонски понуди одбиени од Грција за средби на премиерско или претседателско ниво, но не заборава да обвини дека не биле спроведени доволно реформи кои според неа, се причина за застојот кон евроинтегративниот пат на Македонија.
Низата скандали и афери се надополнува и со изјавите на медиумските пера на СДСМ кои се финансираат од фондацијата СОРОС. Новинарот Бранко Героски пишуваше дека поради верски причини Македонија не треба да соработува со Израел, туку со Иран и Јемен.
Освен тоа, Героски пред извесно време упати навреди кон македонскиот народ, нарекувајќи ги будали сите оние кои скокаат во водите по светиот крст за големиот христијански празник Водици.
Ваквиот речник не е ништо ново кај опозициските новинари. Јавноста памети и дека Бранко Тричковски го прогласи Македонецот за глушец, а Мирослав Грчев за дилетанти и будали сите оние кои говорат за македонската историја и култура.
Навредливи зборови кон македонскиот народ упати и Стојанче Ангелов кој е предводник во еден од најновите во низата пленуми, Граѓанскиот пленум. Ангелов при гостувањето во една емисија граѓаните ги нарече неписмени, кукавици, ненормални…
Кадрите на опозициската партија се длабоко компромитирачки и тие токму со ваква понуда излегуваат пред народот. Навреди, скандали, афери стојат зад СДСМ и нивните приврзаници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.