Украина со НАТО ќе потпише серија документи за соработка во воено-техничката сфера, изјави на денешната владина седница во Киев украинскиот премиер Арсениј Јацењук , цитиран од ТАСС.
Според него, се планира потпишување на меморандум за прашањата
на соработката во „управувањето, врските, разузнавањето и набљудувањето“ во рамки на програмата на НАТО – „Партнерство за мир“.
Втора спогодба ќе предвидува реализација на четири долгорочни проекти за воено-техничка соработка, средства за врски, нови комуникации, нови информациски технологии.
-Украина треба да ги обнови своите вооружени сили исклучиво според примерот на најсилните армии и најсилните организиации што се борат за мирот во светот. На прво место тоа се стандардите на НАТО и ние се движиме во тој правец, рече Јацењук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа



