Мапа на голема Албанија е првата страница од албански учебник по географија за четврта година средно образование, пишува српскиот „Блиц“. Според изданието на картата, биле опишани „албанските области“, а во нив влегуваат и Косово, делови од Црна Гора, Србија, Македонија и од Грција.
Албанските делови во Србија, според мапата, се Бујановац и Прешево. Според учебникот, албанските региони во Црна Гора се Улцин, Лебдат, Гусине и Рожаје бидејќи до 2012 година биле дел од геополитичката компактна територија на Албанија.
На 13. страница во учебникот се посочува дека на Берлинскиот конгрес во 1878 година се донесени решенија против интересите на албанскиот народ. На 197. страница во учебникот се објавени прашања: „Покажете ја албанските области на мапата на Црна Гора“, „Кога овие области се одделени од Албанија?“, „Што е иднината на овие области и како може да се подобри нивната економска и културна ситуација?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.