| четврток, 6 декември 2018 |

Мапа на инцести: Околу нас е нормално она што за нас е болно

Неодамна е објавена мапа на која е прикажано во кои држави законски е дозволен инцест меѓу браќа и сестри и тоа не каде било во светот туку во Европа. Боите на мапата означуваат каде е дозволен овој сексуален однос, каде се толерира во извесна мера, а каде е стриктно забранет.

Во Шпанија, Португалија, Франција, Русија, Белгија браќата и сестрите законски можат да имаат секс. Во Италија се толерира ако не предизвикува голем скандал во ајвноста, значи, тајно, по дома, а во Грција е легално само ако се работи за малолетници. Во Германија инцестот е легален меѓу браќа и сестри од ист пол и на малолетници, а во Ирска е дозволено само ако се од ист пол.

Нелегално е браќа и сестри да влегуваат во сексуален однос во Велика Британија, Норвешка, Шведска, Финска, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Романија и во земјите од Балканот.

За земјите означени со бела боја нема податоци дали се легално или не браќа и сестри да стапуваат во сексален однос.

На мапата Македонија е означена со бела боја, сепак, спаѓа во групата земји во кои инцестот е кривично дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top