| четврток, 6 декември 2018 |

Дали рибите пијат вода?

Платика-Abramis-brama3

Пијат ли рибите вода? Како знаат колку вода да пијат и дека веќе не се жедни? Мократ ли рибите и не им смета ли да ја пијат водата во која мокреле? Спијат ли рибите?

Еве ги одговорите на овие прашања.

Рибите се посебни суштества и сосема е природно човек да си поставува такви прашања, особено ако водата му се чини чудно место за живеење, како на нас луѓето. Постојат два вида риби. Тие се разликуваат по тоа во каква вода живеат, бидејќи има два вида на вода, едната е слатка, а другата солена.

Рибите кои живеат во слатка вода, не пијат вода. Нивната кожа е многу интересна и таа ја впива водата и ја пропушта. Односно водата поминува низ неа. Водата е многу важна за секое живо суштество, а за рибите уште повеќе бидејќи тие и дишат во вода. Слатководните риби ја впиваат водата во кожата, а не ја пијат преку уста. Тие самите се посолени од водата која ги опкружува.

Оние, пак, кои живеат во солена вода имаат проблем. Водата што ги опкружува е посолена отколку што се тие самите. А солта дехидрира, односно ја вмшукува водата. Од солта се ожеднува.

Рибите во солената вода ја пијат водата, која е околу нив. Ќе кажете дека таа е исто така солена. Така е, но тие можат да ја преработуваат солта и да ја исфрлат. Се наметнува прашањето, а зошто не ја преработуваат во кожата, како другите? Не може затоа што кожата на морските риби е поинаква.

Значи морските риби пијат вода и ја преработуваат, а слатководните не ја пијат, таа директно влегува во нив.

3485beo

Сега доаѓаме до друго прашање, во врска со мокрењето. Откако во еден организам влегува вода, таа мора и да излезе. Пиеш чаша, две, три и природно е да ти се мокри, па така е и со рибите. Рибите не мократ на истиот начин како нас, слатководните риби, оние кои постојано се полнат со вода, ја исфрлаат преку кожата, и тоа во огромни количини.

Оние кои пијат, но помали количини  вода, морските риби, го прават истото, но во помали количини. И тоа повторно се случува преку кожата.

Важно е да прецизираме дека тие не ја загадуваат водата, ниту пак тоа претставува некаков проблем за нив.

На прашањето дали рибите спијат, одговорот е, иако рибите немаат капаци и не можат да си ги затворат очите, тие спијат, но со отворени очи и тоа кога ќе им текне, не само во текот на ноќта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top