| четврток, 6 декември 2018 |

Радичевиќ: Ѓер ми е во прекрасни спомени, но ќе дадам сѐ од себе за Вардар да игра на Ф4

Јованка Радичевиќ одигра одличен меч против Ѓер и со 7 погодоци беше најефикасна во блескавата вечер, обоена во црвено-црни бои. Вардар ќе патува за Ѓер на реваншен четврт-финален натпревар со предност од 6 гола, 24-18, и е на добар пат за Будумпешта, на второ едноподруго учество на завршниот турнир за титулата во Лигата на шампионите. Реваншот ќе се игра во „Ауди арена“ во Ѓер, в сабота од 16.30 часот.

Радичевиќ играше за Ѓер, клуб со кого го освои шампионскиот трофеј во ЛШ во 2013 година и добро ги познава условите во редовите на унгарскиот клуб.

„Играв две години во Ѓер и со нив ја освоив првата европска титула. Секако дека имам убави спомени од настапите во овој клуб. Знам дека ќе ме дочекаат како своја затоа што Ѓер има прекрасни навивачи, кои го сакаат и познаваат ракометот, но овојпат ќе дадам сѐ од себе за Вардар да биде конечен победник. Ѓер има огромна традиција, играа неколку полуфиналиња во Лигата на шампионите, а потоа стасаа и двете европски круни и од тој аспект имаат предност. Ние по вторпат играме во ЛШ, но имаме индивидуално искуство, што го преточивме во вистинска тимска атмосфера за да го елиминираме Ѓер и да играме на завршниот турнир за титулата. Имаме 6 гола предност, што во ракометот како динамична игра може и да не значат многу. Брзо се прави и се топи разликата. Практично имаме 7 погодоци предност поради малиот број примени погодоци кои не смееме да ги браниме. Напротив и во реваншот треба да играме сигурно, дисциплинирано и тактички зрело како во Скопје. Клуч на успехот е да ја репризираме одличната игра во одбраната од првиот меч. Ако одиграме на исто ниво, верувам дека ќе немаме проблеми ниту во реваншот – вели Радичевиќ во интервјуто за „Република“, кое можете да го прочитате во велигденскиот број, кој ќе излезе од печат в четврток.

Rakomet zeni Vardar Lajpcig 16 (Custom)

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top