Комесарот за проширување на Европската унија, Јоханес Хас, испрати писмо до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кое истакнува дека ЕУ има волја да ги поддржи напорите на партиите во надминување на актуелната политичка ситуација и оти во следните денови предвидени се нови средби.
– Јас го делам вашето вознемирување за сериозноста на актуелната политичка криза и ја ценам вашата констуктивна посветеност. Политичките субјекти и институциите на вашата земја се соочуваат со тест на нивната демократска зрелост во решавањето на оваа криза. Сега државата треба да се соочи со оваа криза и на одговорен начин и демократски да ги реши политичките и правните импликации од оваа криза. Европската унија има волја да ги поддржи напорите на партиите во овој процес. Во наредните денови се предвидени контакти помеѓу соговорниците од двете главни партии на поранешна југословенска Република Македонија и неколку членови на Европскиот парламент – се вели во писмото.
Во писмото, што денеска го пренесе ДУИ, еврокомесарот Хан изразува надеж дека ќе се одвиваат конструктивни разговори кои би можеле да обезбедат напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Али Ахмети: Избрани сме да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме
-
„Опомени“ за Османи и Ахмети за слабата излезност преку СЈО?
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО



