Рускиот претседател Владимир Путин има подарок за грчкиот премиер Алексис Ципрас, коментира РИА Новости.
Посетата на премиерот на јужноевропскaта земја на Москва е водечка тема на медиумите во Атина. Новинарите укажуваат дека, најверојатно, ќе биде укината пречката за увоз на грчкото земјоделско производство, спуштена како одговор на санкциите наметнати од Европската унија врз Русија, поради интервенција на Кремљ во Украина.
Вредноста на извозот на Грција за Русија е околу 125 милиони евра. Меѓу другото, двајцата државници ќе разговараат за туризмот, кризата во Украина, проектот за гасоводот Турски поток и заладените односи меѓу Атина и Анкара.
Грчкиот премиер, сепак, не смее да падне во руска стапица, додава атински медиум. Весникот потсетува дека Ципрас е првиот лидер на грчка влада, кој ја посети Русија, пет години по посетата на Јоргос Папандреу.
Според изданието „Прото тема“, Ципрас и Путин подготвуваат нов сојуз. Медиумите се задржуваат на зборовите на грчкиот премиер за рестартирање на односите меѓу двете земји, изјави вчера премиерот пред ТАСС.
Грчкиот медиум „Кретив“ потсетува дека посетата на грчкиот премиер не наиде на одобрување во Брисел и во Берлин и цитира голем број западни весници, кои го предупредуваат Ципрас да се плаши од Русите, кои носат подароци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




