| четврток, 6 декември 2018 |

Роберто Манчини влегува во борбата за Сами Кедира

Италијанскиот тим Интер сериозно размислува да го доведе во своите редови играчот од средината на теренот на Реал Мадрид, Сами Кедира, кој на крајот од оваа сезона е слободен играч. Тој одби да го продолжи договорот со кралевита на почетокот на годината и најверојатно ќе го напушти Сантијаго Бернабеу.
Како одминува оваа сезона интересот на за германскиот репрезентативец е се поголем, па покрај Шалке кој сака да го врати Кедира во Бундеслигата и Манчестер Јунајтед кој му нуди голема месечна плата, во трката за овој фудбалер се вклучија и Арсенал, Челси и Интер.
Шефот на стручниот штаб на Интер, Роберто Манчини за следната сезона најави голем ремонт на тимот со цел да се приклучи кон врвот на табелата, а со тоа и да бара излез во Европа.
Останува да се види какво ќе биде решението на Кедира, која дестинација ќе ја одбере за свој следен предизвик во кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top