Јувентус игра моќно и кога се наоѓа во загубена ситуација, а „старата дама“ од Торино го прескокна амбисот и со победа од 3-0 во реваншот против Фиорентина се пласира во финалето на италијанскиот фудбалски куп.
По првиот меч Фиорентина имаше предност од 2-1, по триумфот во Торино, но не успеа да ги издржо налетите на „црно-белите“ и испадна.
Повратникот од Милан, Матри со гол во 21. минута најави победа на Јуве, а Переира во финишот на првиот дел ги потврди амбициите на шампионот на Италија да игра за нов трофеј во финалето на купот. За сигурен од кон завршницата се погрижи Бонучи со гол во 59. минута.
Противник на Јувентус во големото финале ќе биде подобриот од двомечот меѓу Наполи и Лацио. Првиот меч во Рим заврши нерешено, 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.