| четврток, 6 декември 2018 |

Велигденско дрво украсено со 10 илјади шарени јајца

150407147.3_mn

Едно семејство од Германија две недели декорирало дрво во својот двор со дури 10 ијлади рачно боени и украсени јајца.

Украсување на дрва за Велигден е многу популарно во Германија и не е необично. Секое вакво украсено дрво се вика „дрво од јајца“ или „украсено дрво“.

Криста и Вокер Крафт со своите семејства оваа задача ја сфатиле многу сериозно и рачно ги украсиле јајцата.

Семејството Крафт традиционално од 1965 година го украсуваат дрвото во својот двор. Во 1965 година првпат го сториле тоа со 18 јајца, во 1944 година имале 350 јајца, а оваа година дури 10 илјади.

На тој начин тие направија своевидна туристичка атракција која привлекува илјади посетители секоја година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top