Патот Прилеп-Мариово каде вчера поради обилните врнежи од дожд се јави свлечиште од попладнето е прооден за сообраќај за лесни возила. Ограничувањето се уште важи само за тешки товарни возила.

Веднаш по појавувањето на свлечиштето, во текот на вчерашниот ден на лице место излегоа професори од градежниот факултет заедно со екипи од ЈП за Државни патишта и Македонија пат и извршија увид на состојбата на теренот. Предвидено е во најскоро време да се направи проект, а потоа и целосно да се санира патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


