| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалозните изјави и афери на предводниците на СДСМ

Zaev bomba 3 (Custom)

Констрадикторни, скандалозни и често, изјави без смисла – предводниците на СДСМ многупати покажале флексибилен став. Меѓу овие испади не можат да се заборават изјавите на сегашниот лидер на партијата, кој изјави дека треба да се свитка кичмата за името, како и легендарните изјави дека ќе јаде живи луѓе и дека ќе брка од работа.

Zaev---500_thumb_medium380_0

Главните лица на кои се потпира СДСМ и кои ја предводат опозициската партија се длабоко поврзани со афери и изјави кои го рушат кредибилитетот и ја компромитираат државата, пишува „Курир“.

Не помалку скандалозни се и изјавите на вториот човек на СДСМ, Радмила Шекеринска која гарантираше за шест месеци влез во НАТО и ЕУ, но не кажа по која цена тоа ќе го направи. Тука е и милионскиот бизнис со ЕВН, за кој потпретседателката на СДСМ изјавуваше дека е бонбона бизнис.

И Љубомир Фрчковски кој е еден од предводниците на опозицијата порача дека нема ништо спорно во тоа Албанец да биде поставен за премиер на Република Македонија. Ваквата теза денес ја пласира и повторува и опозицискиот Фокус, кој воедно додава дека Албанец треба да биде именуван и за директор на МРТ.

Граѓаните го паметат и ставот на Фрчковски кој истакна дека со француски клуч ќе ги спомениците од проектот „Скопје 2014“.

frckovski-500

Скандалозните изјави се пресликуваат и важат и за медиумските перјаници на опозицијата каде главната улога ја имаат оние кои се финансираат од СОРОС, а воедно поддршка добиваат и од невладините организации за кои од касата на истата фондација се одвојуваат средства. Овие лица неколку пати досега јасвно повикуваа на линч и покажуваа жесток говор на омраза.

politiko500

Ваквите скандалозни изјави и аферите со кои се поврзани преводниците на опозицијата се само дел од понудата на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top