Вардарскиот Плански Регион со седиште во Велес со финансиска поддршка од германската програма за регионален развој „Гиз Ред“ кај Демир Капија ќе гради објект во кој ќе се нудат вински производи од овој регион.
Проектот во висина од еден милион и 839 илјади денари ќе се гради на влезот во Демир Капија веднаш до автопатот, а во него ќе се нудат производи од вино. На истото место ќе биде сместен и Центар за промоција и продажба на туристики пакети, а со цел за развој на винскиот туризам во Вардарскиот плански регион.
Како што информира на денешната прес-конференција Марко Колев раководител на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, само за неопходната техничка документација се обезбедени околу 30 илјади евра со кои ќе се изработува геодетски елаборат,архитектонско- урбанистички проект и елаборат за заштита на животната средина.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и претседател на Центарот за развој на Вардарскиот пллански регион, за овој проект постои голем интерес кај нашите винарии.
– Покрај винариите од Вардарскиот регион во проектот ќе се вклучат и претставници од Францускиот регион Алзас, кој има долгогодишно искуства со вакви проекти.Ние ќе вложиме се’ за успешна реализација на овој проект за развој на винскиот туризам во Вардарскиот плански регион, затоа што ваквиот проект дава успешни финансиски резултати во развиените земји како Франција,Италија,Словенија и други земји со развиен вински туризам – потенцира Чадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кардиолозите препорачуваат: Напијте се вино, помалку стрес за вас!
-
180.000 туристи блокирани: До најпопуларните грчки острови денеска нема одење, прашање е кога ќе може
-
Туристите збунети, Грците се изгубија во преводот на таблите (Фото)
-
Кој пее зло не мисли: Чаша вино и пеење – навики што ќе ви помогнат да доживеете 100-ка