Хрватската полиција на граничниот премин Бајаково запленила околу 140 килограми хероин, што претставува најголема заплена на дрога во последните 10 години, јави денеска Хрватската радиотелевизија.
Како што информира подрачната царинска канцеларија во Осиек, во рамки на редовната контрола надлежните органи вчера запреле комбе со германски регистерски таблички и со преглед во внатрешноста на возилото забележале отвор во подот полн со пакети.
Возачот и совозачот се предадени на полицијата, а пазарната вредност на запленетата дрога се проценува на 42 милиони куни или околу 5,5 до шест милиони евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.