| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално „Република“ дознава: Љубинко Друловиќ е наследникот на Ѓуровски?

По одлуката на Управниот одбор на ФФМ за смена на сега веќе поранешниот селектор на А репрезентацијата, Бошко Ѓуровски, првите луѓе во куќата на фудбалот во Македонија започнаа со барање на негов наследник.
Како најсериозно име кое се спомнува за селектор на сениорската репрезентација на Македонија е српскиот тренер Љубинко Друловиќ.
Друловиќ по завршувањето на богатата фудбалска кариера како играч во која најмногу се прослави како играч на Порто и репрезентативец на СР Југославија продолжи во тренерските води.
Тој во периодот од 2012 до 2013 година беше селектор на српската репрезентација до 19 години, а минатата година ја вршеше должноста и како прв човек на клупата на сенироскиот состав на Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top