Синоќа во Премиер лигата се одигра последниот натпревар од 31.коло. Актуелниот шампион Манчестер Сити доживеа непријатен пораз на гостувањето кај Крстал Палас од 2-1 и со тоа речиси сигурно на седум кола до крајот се оддалечи од одбрана на титулата.
По овој пораз „Граѓаните“ паднаа дури на четвртото место на табелата со девет бода заостанување во однос на лидерот Челси, два од Арсенал и еден од градскиот ривал Јунајтед.
Кристал Палас до предноста од 1-0 дојде преку Мареј во 34. минута. На стартот од вториот дел, домашните преку погодокот на Панчон во 48.минута зголемија и на 2-0, за да Туре во 78. минута со извонреден гол само успее да го ублажи поразот на „граѓаните“ за конечни 2-1.
Crystal Palace vs Manchester City 2-1 All Goals… by enteritament
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)