Поранешниот градоначалникот на Охрид Александар Петрески, вчера бил ослободен од притвор со кауција. Информацијата за „Охридњуз“ ја потврдиле извори од опозицијата.
Тој беше приведен, заедно со петнаесетина негови соработници од локалната администрација, во полициската акција „Јагула“, а мерката притвор му беше продолжувана четири пати.
По четири месеци поминати во притвор во скопскиот истражен затвор, Петрески понудил кауција во вид на хипотека на недвижнини за да се брани од слобода.
Екс градоначалникот на Охрид се товари за финансиски малверзации со кои, според истражните органи, стекнал противправна имотна корист преку јавни набавки и градежни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.