| четврток, 6 декември 2018 |

Екс градоначалникот Петрески демантира дека бил натепан

„Веста која се пласира за мене е целосно неточна и измислена и далеку е од вистината.Никаков инцидент се нема случено и целиот случај во медиумите е монтиран и тенденциозен. Оваа работа јас по се изгледа со лажниве вести ќе мора да ја одведам на суд и таму да ја докажувам“ – изјави вечерва за Охрид 1 поранешниот градоначалник Александар Петрески.

Порталите кои ја објавија веста се блиски до полицијата и таму е конструиран целиот случај, а потоа сите како на копче  почнаа да ја пренесуваат.

Петрески најави дека во текот на утрешниот ден ќе оствари средба со новинари кои ќе можат лично да видат дали имало или немало повреди на неговото тело.

Предходно во тектот на денов неколку охридски сајтови објавија дека Петрески побарал медицинска помош во Охридската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top