Екс градоначалникот на Охрид , Александар Петрески денес се јавил на преглед во општата болница каде побарал медицинска помош, пренесува „Охриднет“ информации од извори во охридската болницата.
Според информациите, кај Петрески видливи биле гребнатини, црвенило по лицето и челото како и мала расекотини на устата.
Според „Охриднет“, најверојатна причина за тоа се здобиени удари со раце и нозе.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, не прецизира дали денес се случил физички напад врз поранешниот охридски градоначалник.
Димоски рече дека доколку има таков таков пријавен настан, ќе следат дополнителни информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.