| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се закопа, Законот за амнестија е донесен во 2002 година, гласале Црвенковски, Шекеринска…(ДОКУМЕНТИ)

СДСМ денеска се закопа. Законот за амнестија не е донесен во 2011 година, туку е донесен во 2002 година. Ви го праќаме Законот за да го види јавноста, да го видат и тие од СДСМ што мислеа дека ќе ја излажат целата јавност, но да го видат и тие што сакаа денес да се амнестираат себеси од донесувањето на тој закон, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

слика

За тој закон гласал целиот врв на СДСМ. Гласал и Бранко Црвенковски, гласала и Радмила Шеќеринска, која денеска лицемерно се смешкаше знаејќи дека го пуштила низ вода Зоран Заев. За истиот закон гласале и Јани Макрадули, Никола Поповски и Ѓорѓи Спасов.

Во прилог ја испраќаме и листата од гласањето за да може целата јавност да увиди за лагите што ги кажува СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

слика2

слика3

слика4

 

– Покрај тоа што СДСМ секој ден се дозакопува со лагите кои ги изнесува и со скандалот со кој се обиде да ги наруши односите на Македонија со Кина и со Израел, денеска покажа дека навистина не знае што прави. Настрана тоа што не знае што се случува надвор од државата, не знае ни што се случува во државата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за амнестија е донесен во 2002 година, не во 2011 како што лажат и манипулираат од СДСМ, а за него гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Јани Макрадули, Никола Поповски, Ѓорѓи Спасов, нагласуваат од владејачката партија.

Всушност, денеска целата јавност виде внатрепартиска пресметка во СДСМ. Или некој сака да го пушти Заев низ вода или тој сака да им се одмазди на другите членови на раководствата на СДСМ кои гласале за овој закон, се додава во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top