| четврток, 6 декември 2018 |

Српски војници ќе учествуваат на Парадата на победа во Москва

николик

Српскиот претседател Томислав Николиќ потпиша указ со кој им се дозволува на единици на српската армија да учествуваат на Парадата на победата на 9. мај во Москва.

– Српската армија ќе учествува на Парадата на покана на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу – соопшти српското Министерство за одбрана.

Шојгу посочи дека Русија поканила воени единици од 16 пријателски држави и членки на антихитлеровската коалиција. Девет земји го потврдиле учеството, две откажале, а другите се уште не одговориле.

Предвидено е на овогодинешната Парада на победата да учествуваат 15.000 луѓе. На парадата пред пет години на Црвениот плоштад учествуваа 11.135 војници и офицери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top