Велигден е еден од најголемите празници, кои се одбележуваат во христијанскиот свет. Секоја земја има своја традиција и уникатна атмосфера за празникот.
Погледнете неколку места, каде што можете да го пречекате Велигден во особено интересна празнична атмосфера:
Ватикан
Не е изненадувачки, што престолнината на католичкиот свет, толку многу се возбудува за овој празник.
Во неделата наутро на Велигден околу 100 000 луѓе го исполнуваат плоштадот Св. Петар, каде што Папата служи литургија и се обраќа кон верниците низ светот.
Ерусалим
Стотици илјади луѓе се собираат во Ерусалим во периодот околу Велигден. Тука има бројни церемонии по повод празникот. Кулминацијата е на Палмова недела (оваа година беше на 29-ти март), кога се слави влегувањето на Христос во Ерусалим. По литургијата во црквата Божји гроб, свечената церемонија продолжува кон Стариот град.
Севиља, Шпанија
Во Страсната недела (7-те дена помеѓу Цветници и Велигден), Севиља целосно се трансформира. Тука може да видите бројни траорни церемонии на луѓе со капуљачи, кои носат статуи на Исус Христос и Богородица.
Ги следат босоноги верници, со крстови и музичари со тапани. Најголемата поворка тргнува во раните утрински часови на Велики Петок.
Куско, Перу
Во Куско се случуваат можеби најимпресивните настани во Јужна Америка за време на Страсната недела, која тука се вика „Семана Санта“. Слично е на случувањата во Севиља, но тука уличните паради пресоздаваат цели сцени од Библијата. Велики Петок тука не е тажен ден, како во некои други католички држави, одбележувањето брзо прераснува во веселба.
Манила, Филипини
Тука екстремни верници одат до крајности, тие одат на колена околу црквата, некои се самобичуват, а други дури се распнуваат на крст со клинци.
Сантијаго Атитлан, Гватемала
Тука католичките ритуали се мешаат со локалните обичаи и се добиваат некои уникатни обреди. Една од локалните традиции е да се прават теписи од цвеќиња.
Бафало, Њујорк
Во Бафало има голема полска заедница за која Велигден е многу важен. Во понеделникот по Велигден има прослави со полка танци и се практикува полскиот обичај, луѓето да се полеваат со вода.
Сиднеј, Австралија
Тука сезоната на тркачките коњи, ја достигнува финалната фаза токму на Велигден. Тогаш се одржува финалето на трките „Queen Elizabeth“ со награден фонд од 4 милиони долари. Луѓето пијат шампанско, се облекуваат со најрепрезентативната облека и гледаат трки.
Крф, Грција
Во Грција Велигден се одбележува гласно и празнично. На островот Крф имаат традиција да кршат глинени садови, кои ги фрлаат низ прозорец. Тоа симболизира прогон на злото.
Москва, Русија
Велигден во Русија е претежно семеен празник и луѓето се собираат во нивните домови со блиските роднини. Руската православна црква, слично на нашата, има долга служба во текот на ноќта спроти Воскресението Христово.
Посетете ја службата во катедралата Свети Василиј Блажен на Црвениот плоштад. По крајот на верските прослави, започнува Велигденскиот фестивал со прекрасни концерти со класична музика и хорски настапи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.