Се поголем е интересот на туристите за „lou kost“ патувања со авион. Услугата е поскромна, но безбедноста не е проблем.
Патувањето со авион мложе да биде и поевтино од асвтобуска карта. Водејќи се од ова се повеќе уристи ги избираат летовите преку „lou kost“ авио-компании преку кои картата во еден правец за европските дестинации може да се купи и за помалку од 20 евра.
„Цаката“ кај ова сецкање на трошоците е во помалиот багаж, недостиг на бесплатно послужување, гледање филмови, нема бизнис класа, користење на помалку атрактивни аеродроми, а пордажбата се врши исклучително преку интернет. Сепак, туристите со поплиток џеб, одрекувањето од овие погодности, ќе ги превезе на саканата дестинација и по четири пати пониска цена од стандардните летови.
Така, карта до Женева може да се најде и за 50 евра, а за Париз, карта од аеродромот Буве, кој се наоѓа на 70 километри од француската престолнина може да ве чини 30 евра. И од соседна Србија има летови за новата линија од Ниш до аеродромот Минхен-Меминген во Германија, каде картата за во еден правец е 20 евра.
Битно е патниците да знаат дека “lou kost” компаниите не штедат на безбедносните фактори, туку на услугата во текот на летот и на простор.
Во високобуџетните компании не се наплаќа за багаж и мжете да носите од 15 до 23 килограми багаж, додека во “lou kostu” за основната цена ви даваат 8-10 килограми тежина за куфер и тоа со стриктни пропорции за кои посебно треба да внимавате.
Патниците мора да заборават и на бесплатна храна во авионот, бидејќи дури и шишенце вода се наплатува и тоа до пет евра. Нема филмови, нема бизнис класа, а седиштата се речиси по правило помали и со помалку простор меѓу нив.
Еден од најголемите проблеми е тоа што нискобуџетните компании летаат исклучително на аеродроми кои се оддалечени од градот или се сместени во помал град блиску до метрополите. На пример, не се оди до париз, туку до Буве, наместо до Лоднов се нуди Лутон, наместо Минхен-Меминген. До главната дестинација некогаш ви се потребни и 100 километри со воз или со автобус.
Сепак, во најголемиот број случаи, престолнините или другите поголеми европски градови имаат добра конекција со овие аеродроми, па картите чинат од 10 до 60 евра. Кога и овој прошок ќе се додаде на вкупната цена за „превоз“, во поголемиот број случаи цената, пак е поволна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.