Денес се навршуваат 62 години од објавувањето на првиот број на списанието „Плејбој“. Прочитајте неколку интересни факти за легендарното списание, токму на неговиот роденден.
Почетокот
Хју Хефнер има едвај 27 години, кога е издаден првиот број на списанието „Плејбој“, во декември 1953 година. Списанието првично требало да се вика „Стег парти“, но Хефнер го менува името откако добива закана дека ќе биде суден од друго списание со име „Стег“.
Тој си го заложува мебелот, за да повлече кредит од неколку стотици долари и собира уште 8.000 долари од 45 инвеститори, меѓу кои и неговата мајка, за да започне со својот бизнис.
Самодовербата на Хефнер се исплати, кога првото издание на 44 страници се продава во тираж од преку 54.000 списанија.
Во 1992 година Хју Хефнер ја купува соседната гробница до гробницата на Мерилин Монро за 75.000 долари. Хефнер секогаш бил опседнат со Мерилин Монро, иако никогаш не се сретнал со неа.
На насловната страница на првото издание на „Плејбој“ во 1953 година е токму Мерилин Монро. Гробницата што тој ја купува се наоѓа во Меморијалниот парк Вествуд во Лос Анџелес.
Логото
Легендарното лого со зајакот на насловната страница на секое издание на „Плејбој“ се појавува од вториот број, во јануари 1954 година. Во ’60-тите години започнува една традиција на прикривањето на логото на насловната страница.
Логото е толку препознатливо, што дури и во првите години на списанието во редакцијата пристигнуваат неколку писма без адреса, само со нацртано лого на раката!
Пријателките на Хефнер добивале џепарлак во износ од 1.000 долари неделно.
Многуте пријателки на Хефнер, кои живееле во зградата на „Плејбој“, добивале по 1.000 долари џепарлак на недела, но немале право да работат никаква друга работа.
Тие, исто така, имале полициски час. Секој што живее во зградата на „Плејбој“, има полициски час од 21.00 часот секоја вечер, најмногу пријателките на Хју.
Исклучоци се прават единствено во случаите кога се забавуваат со него надвор.
Зградата на „Плејбој“ е единствената куќа во Лос Анџелес, која има дозвола за огномет. Зградата на „Плејбој“ е единственото живеалиште во Лос Анџелес што има дозвола за користење пиротехнички средства и можност за огномет. Секоја година на 4 јули во зградата има огромно шоу со огномет, што е видливо од километри.
Зградата на „Плејбој“, веќе не е во сопственост на Хефнер.
Зградата, всушност, е сопственост на „Плејбој ентерпрајсес“, а Хефнер едноставно користи под наем делови од неа, за себе и за своите пријателки. Годишната цена за изнајмување варира од 700.000 до 1.4 милиони долари во последните неколку години.
Продажба на списание „Плејбој“ е забранета во многу делови од Азија и во повеќето муслимански земји. Продажба и дистрибуција на списанието „Плејбој“ се забранети во Индија, Кина (не и во Хонг Конг), Мјанмар, Малезија, Тајланд, Сингапур, Иран, Саудиска Арабија и Пакистан.
Со текот на годините за списанието „Плејбој“ позирале многу познати жени, меѓу кои Чарлиз Терон, Мадона, Линдзи Лохан, Ким Кардашијан и Памела Андерсон. Има и доста популарни жени кои, сепак, го одбиваат списанието, а меѓу нив се Џесика Алба, Хајди Клум, Кејти Пери и Џенифер Лав Хјуит.
Само десет мажи имале чест да се појават на насловната страница на списанието со текот на годините. Првиот од нив е Питер Селерс во април 1964 година, потоа Берт Рејнолдс во 1979 година, Стив Мартин (1980 година), Доналд Трамп (1990 година), Дан Акројд (1993 година), Џери Сајнфелд (исто во 1993 година), Лесли Нилсен (1996 година), Џин Симонс (1999 година), Сет Роџ (2009 година) и Бруно Марс (2012 година).
Плеј-девојката со најголемите гради
Иако Џенет Лупо, која се појавува во ноемвриското издание на „Плејбој“ за 1975 година, често е посочена како плеј-девојката со најголеми гради во историјата на списанието, сепак, престижната титула всушност треба да биде за Роузмари Хилкрест, која го краси октомвриската издание од 1964 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.