| четврток, 6 декември 2018 |

Во првите два месеца од годинава, трговска размена од 1,6 милијарда долари

размена

Вкупната вредност на македонскиот извоз во периодот јануари-февруари 2015 година изнесува 674.552.000 американски долари, а на увозот 885.340.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 76,2 отсто, а трговскиот дефицит 210.788.000 долари.

Според Државниот завод за статистика, најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ (78,8 отсто) и земјите од Западен Балкан (9,8 проценти), додека во увозот земјите-членки на ЕУ (64 отсто).

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење,…, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија (53 отсто).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top