| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемен прометот во трговијата на мало

Прометот во трговијата на мало, во јуни годинава во споредба со истиот месец лани е зголемен во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа номинално за 8,2 отсто, а реално за 5,9 отсто.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво прометот номинално е зголемен за 10,4 отсто, а реално за 7,9 отсто, а во Трговија на мало, освен трговија со горива номиналното зголемување изнесува 9,3 проценти, а реалното 7,5 проценти.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, пак, прометот номинално е зголемен за 13,3 отсто, а реално е намален за 4,2 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top