| четврток, 6 декември 2018 |

Романците Старк и Штефан ќе го судат скопскиот меч меѓу Вардар и Кјелце

Романците Богдан Старк и Михаи Ромео Штефан ќе го судат првиот натпревар меѓу Вардар и Кјелце од четвртфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Влогот е огромен и обебзедува настап на завршниот турнир на четирите најдобри европски екипи во Келн. Во Ланксес арена ќе игра подобриот од овој двомеч, со останатите три екипи кои ќе бидат подобри од своите ривали во четвртфиналето.

Старк и Штефан ја делеа правдата на Европското првенство во Данска, лани, а го судеа мечот меѓу Македонија и Чешка што заврши нерешено, 24-24.

vardar-wisla-6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top