Вистинска грозница владее за билети за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кјелце. Трката за драгоценото парче хартија што ве носи на ракометниот спектакл почна денеска точно напладне. Билетите во зависност од позцијата во салата „Јане Сандански“ чинат од 150 до 1.500 денари.
Мечот ќе се игра во сабота на 11 април од 19 часот. Билетите се продаваат преку мктикетс и на билетарата пред салата „Јане Сандански“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.