Жители на Ќустендил и на други погранични населени места редовно ги полнат автомобилите со гориво од бензинските станици во Македонија, а купуваат и прехранбени прозводи кои се поевтини од Бугарија, раскажуваат вработени на граничниот премин „Ѓуешево“, соопшти Бугарското национално радио.
Цената на литар дизел во Македонија е 1,70 лева, а разликата со таа во Бугарија, која е над 50 стотинки по литар. Поранешен граничен полицаец од Ќустендил раскажува дека користи за 52 стотинки поевтина нафта кога полни резервоар од 170 литри на својот автомобил во Крива Паланка. Иако е дозволено да се пренесе гориво и во туби до 20 литри, засега нема такви случаи, а багажниците на ќустендилските автомобили преку Ѓуешево сѐ уште не се дополнителен резервоар со туби, велат бугарските цариници.
Во пресрет на велигденските празници зачестуваат обидите за пренесување јагнешко месо од Македонија, што е забрането, дури и за лична консумација. Во петокот на ГП „Ѓуешево“ е конфискувано јагнешко месо, купено во Кривопаланечко, раскажуваат цариници од граничниот пункт. Некои си набавуваат и македонско сирење по цена од 7 до 8 лева за килограм. Предноста не е само пониската цена, туку и добриот квалитет затоа што македонското сирење е од чисто млеко, без додатоци, велат патници кои минуваат преку ГП Ѓуешево – Деве Баир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.