| четврток, 6 декември 2018 |

„Тоска“ вечерва во МОБ

Tosca-1-480x257

Вечерва, со почеток во 20 часот, на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“.

Станува збор за опера во три чина. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 јануари 1900 година во Рим, Италија.

Диригент на претставата ќе биде Серхио Алапонт од Шпанија, режија на Огњан Драганов од Бугарија, сценографија на Зоран Николовски, костимографија на Марија Пупучевска и концертен мајстор Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Весна Гиновска-Илкова, во улогата на Каварадоси, солистот Зоран Сотиров, Скарпија – солистот Нико Исаков од Бугарија, Анџелоти -Ернес Ибраимовски, во улогата на Клисар – солистот Драган Ампов, Сполета – Саша Смилевски, Шароне – Славчо Димовски, Клучар – Димитар Кожухаров и Овчарче – Десанка Глигоријевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top