| четврток, 6 декември 2018 |

Саем за вработување на Технолошко-металуршкиот факултет

saem za vrabotuvanje

Саем за вработување и за кариера „Контакт 2015“ ќе се одржи денеска на Технолошко-металуршкиот факултет. Целта на настанот е да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и на знаењата на студентите. Саемот ќе го отвори заменик-министерката за информатичко општество Марта Арсовска-Томовска.

„Контакт“ е саем за вработување и за практика, кој им овозможува на студентите да се запознаат со можностите што ги нудат компаниите на пазарот, преку директен контакт со претставниците од компаниите. На тој начин, студентите би се запознале со начинот на работа на компаниите и условите кои треба да ги исполнуваат за вработување или добивање практикантска работа.

Компаниите што ќе учестуваат на овој настан, преку здобивање увид во знаењето и вештините на студентите, на лесен начин ќе може да направат една селекција на кадарот, кој им е потребен и им се овозможува еден брз и лесен пристап до  профилот на студентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top