| четврток, 6 декември 2018 |

Жаре Бербер: Моја политичка опција во животот е музиката!

zare berber

По прозивките од страна на СДСМ, Жаре Бербер одговори дека го иритира дволичноста, но сепак им простува.

-Не знам зошто, но излегува дека јас го кажувам она што другите го мислат. Секогаш ме иритирала дволичноста  и лицемерието кај луѓето, можеби поради тоа ме погоди  и ова претходното.  Но, моите пријатели во Прилеп и во цела Македонија знаат дека јас никому не сум наштетил. Напротив, секогаш кога сум можел,  секому сум  помогнал, вели Жаре Бербер.

Тој нагласува дека неговата “политичка” опција во животот е музиката, хуморот, позитивната енергија, човечноста и никој тоа не може да му го ограничи.

-Импутирањето на разни небулози го разбирам само како атак кон јавна личност, истовремено им простувам на сите и им посакувам многу здравје и успех во животот. Бидејќи периодот на постот не го сфаќам формално,  убеден сум дека секое лицемерие и  било каква неправда од мене сторена, кон било кого,  се враќа како бумеранг, вели Жаре Бербер.

Затоа, како што потенцира, внимава да остане во вистината секогаш, и по овој повод наспроти интригите и подметнувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top