| четврток, 6 декември 2018 |

Роналдо со „петарда“ учествуваше во „деветката“ против Гранада (видео)

REAL MADRID vs GRANADA

Кристијано Роналдо постави нов рекорд во кариерата постигнувајќи хек-трик за само осум минути и вкупно пет гола во победата над Гранада од 9-1 на Сантијаго Бернабеу.
Гранада го плати цехот за слабите игри на кралевите на последните неколку мечеви. Герет Бејл ја отвори серијата голови во 25.минута, а потоа Роналдо во период од осум минути, од 30. до 38.минута, постигна хет – трик.

Во второто полувреме Карим Бензема беше стрелец на два гола, Роналдо уште два пати се запиша меѓу стрелците, а дефанзивецот на Гранада, Маинц, си постигна и автогол. Единствениот погодок за Гранада беше дело на Ибанез во 74.минута од средбата.
За одбележување е и враќањето во составот на Реал Мадрид на Џејмс Родригез кој одигра одличен натпревар. Со неговото враќање Реал доби на силина во нападот и во креирањето на шансите. Тој денска не се запиша во листата на стрелци, но двапати асистираше.


Real Madrid vs Granada 9-1 All Goals And… by footballTV

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top