Владата за 10 проценти ќе ги зголеми ученичките стипендии за талентираните ученици и спортисти, деца без родители, деца со посебни потреби, ученици од социјални категории, ученици од угостителско туристичка струка, ученици деца на бранители.
За 10 посто ќе се зголемат и студентските стипендии за студенти со висок просек на студиските групи по информатика, природно математички технички и биотехнички науки, студенти од социјални категории, и деца на бранители“ најави премиерот Никола Груевски на вчерашниот народен собир во Тетово.
Груевски пред тетовци уште еднаш ги посочи мерките кои ги превзеде Владата во правец на подобрување на стандардот на студентите со доделување на ваучери за набавка на таблети, проектот за вработување на лица преку кој фирмите кои ќе вработат постари невработени лица преку неплаќање придонеси во време траење од 5 години, помош за поплавените, намалување на цените на лековите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Доделување стипендии „Борис Трајковски” за постдипломски студии
-
Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради 145 училишни спортски сали, доделуваше стипендии и воведе спортска пензија
-
Доделени 95 стипендии на првиот конкурс за студенти по математика, физика и хемија
-
Објавен Конкурсот за стипендии за студирање на 100-те најдобри универзитети во светот



