Во Тетово на површина од 95 хектари се изгради технолошко-индустриската зона, каде веќе италијанска компанија преку нивната компанија во Македонија Про-компо која е специјализирана за производство на печки, апарати за сушење и греење и технологија и механички дизајн, започна со изградба на фабрика за композитни материјали, во вредност од 5 милиони евра. Според нивните најави фабриката која ќе опфаќа 6.000 квадратни метри ќе биде отворена во текот на летото, и ќе отвори над 150 работни места, од кои веќе првите 100 вработувања ќе се реализираат во 2015. Тоа е добра вест за Тетово и регионот – посочи премиерот Никола Груевски на вчерашниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
Тој пред тетовци потсети дека пред три недели најави дека американска компанија ќе инвестира 16 милиони евра во ТИРЗ Тетово, и тоа во фабрика за производство на компоненти за автомобилска индустрија, инвестиција со која се предвидува отворање на 2500 директни нови работни места.
-Сакам да истакнам дека компанијата веќе ги започна процедурите за почеток на работата и тест производството во браунфилд хала и вработување на 300 лица во почетниот период, а наскоро ќе започне и со обука и на првите вработени. И тоа е одлична вест за регионот, 2500 вработувања за тетовско, гостиварско, за Јегуновце, за Брвеница и за целиот овој регион – рече Груевски.
Тој соопшти уште една вест на тетовци – нова фабрика со нови 500 работни места.
–Сакам да најавам и дека компанија од Италија која е специјализирана за производство на минибуси не има известено дека донела одлука за инвестиција од 10 милиони евра во капацитет во Тетово и отворање на 500 нови работни места. Според најавата, некаде до јуни јули планираат потпишување на договорот и почетокна реализација на истата. И ова е уште една добра вест – истакна премиерот.
И компанија од Белгија, која, според Груевски, има одлична репутација како снабдувач на метал во преработувачкиот сектор, веќе има донесено интерна одлука за инвестиција од 5 милиони евра во Тетово и отворање на околу 100 нови работни места.
–Некаде јуни-јули очекуваме и официјална објава од нивна страна и потпишување на договорите за инвестиција. Исто така ова е добра вест за регионот. Продолжуваме со битката за секое ново работно место, за сите граѓани, за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, за секого – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?



