Под покровителство на Град Скопје, а во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, денеска ќе се одржи третата женска трка, која е дел од промотивните трки на „Виз Ер“ Скопски маратон 2015, а чија цел е превенцијата од заболувањата кај жените преку активно вежбање.
– Со оглед на фактот дека жените имаат многу повеќе обврски, а се помалку време за себе, време за вежбање, ризикот за заболувања е се поголем. Овој непобитен факт ние сакаме да го смениме. Почнувајќи сега и тука, велат организаторите.
Трките од овој карактер постојот насекаде во светот со иста цел подигање на свеста на жените дека не е доцна да почнат со активност.
Трката е на 1.000 метри и има ревијален карактер.
Пред трката ќе се одржат аеробик вежби за загревање, кои ќе ги водат инструктори – аниматори со искуство во оваа област. Вежбите ќе бидат со низок интензитет, лесни и прилагодливи на сите возрасти.
По завршување на трката ќе биде организирана лотарија за сите учеснички во трката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



