Американец што минал повеќе од дваесет години во затвор поради наводно убиство на рабин од Њујорк е ослободен со судска одлука затоа што било утврдено дека поголемиот дел од доказите против него биле измислени.
Педесет и осумгодишниот Дејвид Ранта е ослободен откако повторената истрага на обвинителството покажала дека нема конкретни докази дека тој го извршил убиството.
– Пресреќен сум. Од самиот почеток велев дека немам врска со убиството – рекол Ранта по напуштањето на судот во Бруклин.
Пред затворот бил пречекан од неговото семејство, меѓу кои и неговата бремена ќерка, која била дете кога во 1990 година завршил зад решетки. Обвинителството се согласило со барањето на одбраната за ослободување и го повлекла обвинението откако било наведено дека немаат доволно докази, освено сомневање.
Рабинот Часкел Верзбергер бил убиен на 8 февруари 1990 година во Бруклин за време на грабеж на курир кој пренесувал дијаманти.
Курирот успеал да ум избега на напаѓачот, кој потоа му го попречил патот на автомобил во кој бил рабинот, му истрелал куршум во главата и го исфрлил од возилото, по што заминал. Непосредно по убиството бил уапсен Ранта, кој бил невработен и наркозависник. Иако немало физички докази со кои би се докажала вината, поротата го прогласила за виновен, по што бил осуден на 37 и пол години затвор.
Истрагата утврдила дека, всушност, заштитениот сведок кој сведочел против него бил вистинскиот убиец на рабинот. Пред да почине сведокот, ѝ признал на сопругата дека тој го извршил убиството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кина: САД ни држат нож под грло во трговскиот спор
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
На САД им се заканува тотален мрак: Руски хакери упаднале во системите на американските енергетски компании