Во рамките од четвртфиналето од Лигата на шампионките во ракомет македонскиот шампион ЖРК Вардар во првиот натпревар на домашен терен против европскиот шампион Ѓер на полувреме води со 14-10.
Избраничките на Индира Кастратовиќ добро го започнаа мечот и по само осум минути игра поведе со 5-1. Сепак по тајмаутот на гостинскиот тренер гостите од Ѓер се созедоа од привничниот шок и со серија од четири гола стигнаа до нерешен резултат 6-6.
На тоа Кастратовиќ одговори со свој тајмаут ги смири играчите и во продолжението Вардар за 10 минути повторно се одлепи на четири гола разлика во 20 минута (11-7).
Ова е најдоброто полувреме оваа сезона за ЖРК Вардар и со ваква игра во вториот дел може слободно да се каже дека е еден од кандидатите за европскиот трон.
На голот блеска капитенот Ина Суслина со 11 одбранети удари од кои два седмерци е вистински мотор на тимот. Заедно со Суслина фантастична одбрана играат и Дембеле, Кликовац, Пенезиќ, Алтхаус и Радичевиќ.
Во нападот Андреа Лекиќ и Сираба Дембеле имаат по три гола, додека Радичевиќ, Лазовиќ, Пенезиќ, Алтхаус имаат по два погодока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.