Најважниот момент на средбата Македонија – Русија беше влегувањето на Никола Митревски, кој стана камен од кој што се сопнаа руските напаѓачи – пишува рускиот портал championat.com. Порталот смета дека токму неговите одбранети удари, упатени од страна на Игропуло, Горбок, Шелменко и повторно Горбок, биле решавачки за исходот на денешната средба во рамките на СП 2013. Според порталот, одбраните на Митревски го подигнаа моралот на македонските ракометари, кои успеаја целосно да се вратат во игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


