| четврток, 6 декември 2018 |

Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Малезија

Поранешниот малезиски амбасадор во САД и уште пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа.

Малезиските власти соопштија дека хеликоптерот се урнал денеска надвор од Куала Лумпур и оти загинале сите шест лица кои биле во леталото. Локалните медиуми наведуваат дека меѓу загинатите е и поранешниот амбасадор во САД Џамалудин Џарјис и соработникот на премиерот Наџиб Разак.

Службата за цивилно воздухопловство соопшти дека хеликоптерот се урнал и запалил кај местото Семенџи.

Полицијата соопшти дека досега се пронајдени три тела. Спасувачките тимови трагаат по останатите тела. Не се соопштени други детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top