| четврток, 6 декември 2018 |

Рома конечно победи на домашен терен (видео)

Roma vs Napoli

Екипата на Рома полека но сигурно излегува од резултатската криза која траеше повеќе од три месеци. По минималната победа во минатато коло на гостински терен против Чезена, Римската волчица успеа да слави уште една победа од 1-0 во дербито против Наполи. Тоа беше победа со која заврши постот на Олимпико по четири месеци без успех на домашен терен. Последен пат навивачите на Рома се радуваа на 30.ноември во натпреварот против Интер (4-2).
Пјаниќ беше стрелец на единствениот погодок по одличното додавање на Флоренци кон средината на првото полувреме, а победата е уште поголема ако се знае дека тренерот Гарсија не можеше да смета на услугите на Тоти, Жервињо и на уште неколку првотимци.
Рафа Бенитез вината може да ја бара единствено во своите редови, со оглед на неколкуте стопроцентни шанси на „наполитанците“, кои премногу компликуваа во клучните моменти, па не успеаја да ја затресат мрежата на Рома и сега заостануваат дури девет бода зад овој ривал.

Денеска се игра комплетното 29.коло во Серија А лигата а се среќаваат:

Аталанта – Торино, Калјари – Лацио, Џенова – Удинезе, Интер – Парма, Палермо – Милан, Сасуоло – Кијево, Верона – Чезена, Фиорентина – Сампдорија, Јувентус – Емполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top